Законот за извршување на санкциите "Службен весник на Република Македонија"




Скачать 99.63 Kb.
НазваниеЗаконот за извршување на санкциите "Службен весник на Република Македонија"
Дата конвертации23.02.2013
Размер99.63 Kb.
ТипЗакон
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

1568.

Врз основа на член 19 став 5 од Законот за извршување на санкциите (“Службен весник на Република Македонија” бр.2/2006), министерот за правда донесе:
Р Е Ш Е Н И Е1
ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ И МАЛОЛЕТНИТЕ ЛИЦА ВО КАЗНЕНО-ПОПРАВНИТЕ И ВОСПИТНО-ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ И НА ПРИТВОРЕНИТЕ ЛИЦА ВО ПРИТВОРСКИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА НА КАЗНЕНО-ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ.

Со ова решение се врши распоредување на осудени, малолетни и притворени лица во казнено-поправните и воспитно-поправните установи упатени од страна на надлежниот суд.
1. Во казнено-поправен дом Идризово со Отворено одделение во Велес се упатуваат:


    1. Казнено-поправен дом Идризово

а) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор над 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметниот притвор изнесува над 6 месеци од подрачјето на основните судови: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Куманови, Крушево, Неготино, Охрид, Прилеп, Ресен, Скопје, Струга и Тетово,

б) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор над 3 години, одвоено кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува над 3 години од подрачјето на основните судови: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Кавадари, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Неготино, Охрид, Прилеп, Ресен Скопје I, Струга и Тетово.

в) женски лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор или малолетнички затвор независно од висината на казната. Овие осудени лица казната ја издржуваат во одделението за женски лица;

г) машки и женски лица осудени на казна доживотен затвор; и

д) машки и женски лица: странски државјани и лица без државјанство.


    1. Отворено одделение во Велес

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години од подрачјето на Основниот суд Велес.


  1. Во казнено-поправниот дом Штип се упатуваат:

а) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор над 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува над 6 месеци од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип;

б) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор над 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува над 3 години од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип.

3. Во казнено-поправен дом од отворен вид Струга се упатуваат:

а) машки лица осудени за кривични дела од небрежност, ако се осудени со правосилна пресуда на казна затвор од 3 до 5 години или како по пресметаниот притвор им преостанува од 3 до 5 години од изречената казна;

б) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, за подрачјето на основните судови Дебар, Охрид и Струга и

в) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови Дебар, Охрид и Струга.
4. Во затвор Битола се упатуваат.

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, за подрачјето на основните судови Битола, Кичево и Ресен;

б) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на Основните судови Битола, Кичево, Ресен; и

в) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови Битола, Кичево и Ресен освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
5. Во затвор Прилеп се упатуваат:

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда наказна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, од подрачјето на основните судови Крушево и Прилеп;

б) машки лица – повратници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови Крушево и Прилеп; и

в) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови Крушево и Прилеп освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
6. Во затвор Гевгелија се упатуваат:

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда наказна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, од подрчјето на основните судови Гевгелија, Кавадарци и Неготино;

б) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казнта по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови Гевгелија, Кавадарци и Неготино; и

в) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови Гевгелија, Кавадарци и Неготини освен притоврот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
7. Во затвор Охрид се упатуваат:

а) помлади полнолетни и малолетни машки лица осудени со правосилна пресуда на казна малолетнички затвор:

б) машки и женски лица спрема кои е орпеделен притвор од подрачјето на основните судови Дебар, Охрид и Струга освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
8. Во затвор Скопје се упатуваат:

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда наказна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, од подрачјето на Основниот суд Скопје I;

б) машки лица – повратници, осудени со правосилна пресуда наказна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови: Велес и Скопје I; и

в) машки и женски лица спрема кои е определен притовр од подрачјето на основните судови Велес и Скопје I, како и машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на сите основни судови во Републиката за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

9. Во затвор Куманово со Отворено одделение во Крива Паланка се упатуваат:
9.1. Затвор Куманово

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, од подрачјето на Основниот суд Куманово;

б) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови: Кратово, Крива Паланка и Куманово: и

в) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови: Кратово, Крива Паланка и Куманово освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
9.2. Отворено одделение во Крива Паланка:

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува 3 години, од подрачјето на основните судови Кратово и Крива Паланка:
10. Во затвор Тетово се упатуваат

а) Машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда наказна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува 3 години, од подрачјето на основните судови Гостивар и Тетово;

б) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казнат по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови Гостивар и Тетово и

в) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови Гостивар и Тетово освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
11. Во Затвор Струмица се упатуваат:

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува 3 години, од подрачјето на основните судови: Берово, ВиницаДелчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип.

б) машки лица – повратници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип.

в) машки и женски лица спрема кои е определен притвор од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
12. Ако просторот за притвор е исполнет или од други оправдани причини, надлежниот суд во согласност со судот и затворот на друго подрачје може да упати притворени лица и во друг затвор заради извршување на мерката притвор.
II


  1. Во воспитно-поправниот дом Тетово се упатуваат:

- малолетни машки лица на кои со правосилна одлука им е изречена воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом за теротиројата на Република Македонија.

2. Во воспитно-поправниот дом Скопје се упатуваат:

- малолетни женски лица на кои со правосилна одлука им е изречена воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом за територијата на Република Македонија. Овој Воспитно-поправен дом функионира во рамките на женското одделение на Казнено-поправниот дом Идризово.

III
Мерките на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа и задолжително лекување на алкохличари и наркомани се извршува во следните здравствени организации:

а) Во болница за душевни болести – “Скопје”- Скопје се упатуваат осудени лица од подрачјето на основните судови: Велес, Гостивар, Дебар, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Скопје I и Тетово;

б) Во Болница за душевни болелсти – Демир Хисар се упатуваат осудени лица од подрачјето на основните судови: Битола, Крушево, Охрид, Прилеп, Ресен и Струга и

в) Во болницата за душевни болести – Негорци се упатуваат осудени лица од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Кочани, Неготино, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип.

IV

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
1. До создавањето на услови во Казнено-поправниот дом Штип и во Затворот Куманово за упатување на осудени лица за издржување на кзна затвор како и во Затворот Струмица и Затворот Куманово за упатување за извршување на мерката притовр, надлежните судови ќе упатуваат и тоа:
- Во Казнено-поправниот дом Идризово со Отворено одделение Велес:

а) машки лица – повторници осудени со правосилна пресуда наказна Затвор над 6 месеци, односо кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува над 6 месеци од подрачјето на оснвните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип;

б) машки лица – примарни сторители осудени со правосилна пресуда на казна затвор над 3 години, одноно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува над 3 години од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип.

- Во затворот Скопје:
а) машки лица – примарни сторители осудени со правосилна пресуда наказна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 3 години, од подрачјето на Основниот суд Куманово;

б) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда на казна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притов изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови: Кратово, Крива Паланка и Куманово.
- Во казнено-поправниот дом Штип:

а) машки лица – примарни сторители, осудени со правосилна пресуда наказна затвор до 3 години, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува 3 години, од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Свети Николе и Штип;

б) машки лица – повторници, осудени со правосилна пресуда наказна затвор до 6 месеци, односно кога остатокот од казната по пресметаниот притвор изнесува до 6 месеци, од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Свети Николе, Струмица и Штип;

в) машки и женски лица спрема кои е определен притов од подрачјето на основните судови: Берово, Виница, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип, освен притворот определен за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

2.Со денот навлегување во сила на ова решение престанува да важи Решението за распоредување на осудените и осудените малолетни лица во казнено-поправните и воспитно-поправните установи (“Службен весник на Република Македонија” бр.34/99, 67/99 и 54/01).

3. Ова решение влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.



Бр.07-857/1




Министерство за правда,

8 август 2008 година




Михајло Маневски, с.р.

Скопје









1 Решението е објавено во „Службен весник на Република Македонија“ број 84 од 11 јули 2008 година.




Похожие:

Законот за извршување на санкциите \"Службен весник на Република Македонија\" iconВрз основа на член 23 од Законот за угостителска дејност Службен весник на Република Македонија бр
Службен весник на Република Македонија бр. 62/2004) и член 21, став 1, точка 43 од Статутот на општина Чешиново-Облешево (Службен...
Законот за извршување на санкциите \"Службен весник на Република Македонија\" icon„Службен весник на рм бр. 1 од 03. 01. 2008 година министерство за правда
Врз основа на член 8 став 2 и став 4 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија” бр. 55/07), министерот за...
Законот за извршување на санкциите \"Службен весник на Република Македонија\" iconПратеничко прашањЕ
Во Законот за државјанство, прочистен текст, Службен весник на Република Македонија број 45/04 од 07. 2004 година, меѓу другото...
Законот за извршување на санкциите \"Службен весник на Република Македонија\" iconЗакон за изменување и дополнување на Изборниот законик
Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик (“Службен весник на Република Македонија“ број 51/2011), Законодавно-правната...
Законот за извршување на санкциите \"Службен весник на Република Македонија\" iconПравилник за податоците кои се водат за секоја хемикалија во Регистарот на хемикалии
Врз основа на член 57 став (2) од Законот за хемикалии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/10, 53/11), министерот за...
Законот за извршување на санкциите \"Службен весник на Република Македонија\" iconОсновни одредби
Врз основа на чл. 18 ст. 1 и чл. 85 ст. 1 од Законот за Јавното обвинителство (Сл весник на рм бр. 38/04), Јавниот обвинител на Република...
Законот за извршување на санкциите \"Службен весник на Република Македонија\" iconИзвешта ј за состојбата со човековите права во република македонијА; март 20061
Законот за партнерски заедници, Законот за недискриминација, меѓутоа и законите иницирани од релевантните органи на власта
Законот за извршување на санкциите \"Службен весник на Република Македонија\" iconЦентар за развој на Источен Плански Регион
Центарот за развој на Источниот (Брегалнички) плански регион, како пилот проект е основан на 26. 05. 2008 година согласно Законот...
Законот за извршување на санкциите \"Службен весник на Република Македонија\" iconУ. Број: 67/2002-0-0 Дата на Донесување
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот...
Законот за извршување на санкциите \"Службен весник на Република Македонија\" iconНа пратеничко прашање од пратеникот Ѓорги Оровчанец поставено
...
Разместите кнопку на своём сайте:
kk.convdocs.org



База данных защищена авторским правом ©kk.convdocs.org 2012
обратиться к администрации
kk.convdocs.org
Главная страница